1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Спорт | 01.12.2008

Хофенхајм сигурен, Баерн го следи во чекор

Хофенхајм и Баерн Минхен во мртва трка за есенската титула. Вердер Бремен се опорави по неуспехот во лигата на шампионите. Шалке 04 очигледно е во криза.

Фудбалската Бундеслига влегува во интересен финиш на полусезоната. На две кола пред крајот, новајлијата во елитното друштво, Хофенхајм е на лидерската позиција на табелата со три бода предност пред актуелниот шампион, Баерн Минхен. Двата тима се надеваат на освојување на есенската титула, а тоа и го заслужуваат, пред се’ поради констатно добрите настапи во досегашниот дел на првенството. Дилемата најверојатно ќе биде решена веќе во наредното, претпоследно есенско коло, кога Баерн го дочекува токму Хофенхајм.

Без изненадувања

Инаку 15-то коло не донесе којзнае какви неочекувани резултати. Хофенхајм со победата против Арминија од 3:0 ја задржа лидерската позиција со 34 освоени бодови. Три бода помалку на второто место има Баерн Минхен, кој во дербито на колото го совлада Баер Леверкузен со 2:0. Фармацевтите, по поразот на домашен терен паднаа на четвртата позиција на табелата со 28 бодови. Два бода повеќе има Херта од Берлин, која со победата против Келн од 2:1, се проби на третата позиција на табелата.

Нерешено заврши дуелот во Дортмунд помеѓу Борусија и Волфсбург. Популарните „волци“ освоија бод благодарение на тактичката, дисциплинирана игра во одбраната. Избраниците на Феликс Магат не создадоа ниту една шанса за гол. Нерешениот резултат без постигнати голови е логична последица, смета и тренерот на Борусија, Јирген Клоп: „Противникот беше длабоко поставен и добро организиран. Имавме неколку шанси, но многу често паѓавме во офсајд замки. Тоа помалку не нервираше, но севкупно земено не мислам дека заслуживме повеќе од нерешен резултат. Не мораше да заврши 0:0. За публиката ќе беше подобро да завршеше 2:2. Сепак мислам дека освоениот еден бод е добар за нас“, изјави Клоп.Јирген КлопBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Јирген Клоп

Борусија е петта со 25 освоени бодови. Волфсбург се проби на седмото место со два бода помалку. Добар натпревар повторно одигра Бохум, кој и овојпат не се радуваше на победата. Нерешените 1:1 во дуелот против Хамбургер се осмо реми сезонава за Бохум. Домаќините поведоа со голот на Станислав Шестак, Хамбургер израмни преку Ивица Олиќ. Тренерот на Бохум, Марсел Колер беше малку разочаран: „Мислам дека играчите прикажа одлична игра. Покажаа неверојатна борбеност и во текот на целиот натпревар имаа подобри шанси за гол. На крај повторно моравме да се задоволиме со еден бод“, рече Колер. Хамбургер сега е на петтата позиција со 27 освоени бодови. Бохум остана 16-ти со само 11 бодови.

Одличен деби за Бабел

Само една недела откако Армин Фе заработи отказ од тренерската позиција во Штутгарт, тимот под водство на довчерашниот заменик тренер, Маркус Бабел освои многу важни три бода. Совладан е големиот Шалке 04 и тоа со сигурни 2:0. Штутгарт со 21 освоен бод сега е на десеттата позиција. Од натпреварот меѓу Штудгарт и Шалке 04Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Од натпреварот меѓу Штудгарт и Шалке 04Шалке 04 кој очигледно не се опорави по поразот во купот на УЕФА од Манчестер Сити, со 23 бода е на деветтото место на табелата. Затоа, пак, одлична партија прикажа Вердер Бремен. Три дена откако се прости од пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, избраниците на Томас Шааф настапија како препородени во дуелот против Ајнтрахт Франкфурт кого го декласираа со 5:0. Одлична партија одигра Клаудио Пизаро кој трипати се запиша во листата на стрелците. 15-то коло донесе радост и за тимот на Хановер кој на домашен терен го совлада Карлсруе со 3:2. Хановер освои многу важни три бода за бегство од опасниот, долен дел на табелата. Со 16 освоени бодови сега се наоѓа на 13-то место. Карлсруе пак со новиот пораз сега е последен на табелата со само десет освоени бодови. Довчерашниот фенерџија, Енерги Котбус со победата од 3:1 против Борусија Менхенгладбах направи скок од три места на табелата и сега е 15-ти со 12 освоени бодови.          

 

Костадин Делимитов

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Bundesligatabelle Aktuell
Platz Vereinslogo Tordifferenz Punkte
Гол разлика Бод.
1. Hoffenheim 19 35
2. Bayern Munich 15 35
3. Berlin 7 33
4. Hamburger SV 2 33
5. Leverkusen 15 32
6. Dortmund 8 29
7. Schalke 04 8 27
8. Bremen 11 26
9. Wolfsburg 10 26
10. Stuttgart 3 25
11. Köln -6 22
12. Frankfurt -6 19
13. Hanover -12 17
14. Bielefeld -12 14
15. Karlsruher SC -17 13
16. Cottbus -17 13
17. Bochum -11 11
18. Mönchengladbach -17 11
Фотографија на денот
ImageOfTheDay