1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Европа  | 01.12.2008

Финансиската криза изговор за несоодветни мерки за заштита на климата?

Во полскиот град Познањ се одржува 14-та конференција на ОН за климатските промени. Преку 8.000 научници, активисти и политичари разговараат за мерките против затоплување на Земјата.

Учесниците на конференцијата имаат одговорна задача - треба да го подготват текстот на новиот договор за намалување на ефектот на стаклена градина, што треба да биде донесен на идната конференција, до година во Копенхаген и да го замени фамозниот Договор од Кјото. За таа цел имаат на располагање цели две недели и добри услови во Познањ.

Град под опсада

Полската индустриска метропола Познањ веќе со денови наликува на град под опсада. ОН дури го прогласи целото сајмиште во градот за „екстериторијално подрачје“ и тукуречи целосно ја презеде контролата над салите и околните простори. Градоначалникот Ришард Гробелни очекува сериозни проблеми за жителите поради блокирањето на главните сообраќајници околу Саемот. „Ова е гигантски потфат, фактички најголемиот што овој град кога и да е го доживеал и мислам дека во наредните две недели животот на граѓаните на Познањ ќе биде сериозно изменет.“ Ледената покривка на Северниот пол масовно се топи поради промената на климатаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Ледената покривка на Северниот пол масовно се топи поради промената на климата

Преку осумте илјади учесници на конференцијата на ОН за климата доаѓаат од речиси сите краишта на светот. За нивна заштита од евентуални атентати подигнат е и заштитен ѕид околу сајмиштето. Илјадници столици и маси со камиони пристигнаа од Холандија. Значи, градот стори навистина се’ за добро да ги дочека гостите.

Кој е совршен?

Сепак, има и незадоволство: „Градот Познањ е очигледно премал за ваков голем настан. Затоа цените на хотелските соби се искачија во астрономски висини. „Ни бараа 550 евра по човек и затоа членовите на Комисијата за прашања за човековата околина на германскиот Бундестаг овој пат не можат да патуваат на конференцијата. Нелогично е, ама германската парламентарна делегација овој пат ќе биде помала отколку за конференцијата на индонезискиот остров Бали“ - појаснува членот на собраниската група на Либералите во германскиот парламент задолжен за еколошки прашања, Михаел Каух.

Има и посуштински проблеми

Полските домаќини меѓутоа немаат само логистички проблеми со конференцијата на ОН за климата. Владата во Варшава имено спаѓа меѓу кочничарите во ЕУ, што се однесува до планираното намалување на количеството јаглерод-диоксид што се испушта во атомосферата. Тоа се должи на фактот што оваа земја цели 97% од вкупното количество електрична енергија го добива од термо - електрани што работат на јаглен. Сите мерки за намалување на јаглерод диоксидот ќе ги погодат и обичните граѓани во Полска.

И како тоа да не се доволно големи потешкотии, експертите очекуваат над конференцијата да се надвисне и сенката на меѓународната финансиска криза.

„Можам смо да се надевам дека оваа криза нема да не’ натера да се задоволиме со ефтини и недоволно еколошки технологии. Затоа што оние технолошки решенија, за кои сега ќе се определиме, ќе бидат во употреба наредните 30 до 50 години и ќе го извршат своето влијание врз Земјината атмосфера. Значи, актуелната финансиска криза не би смеела да ни биде изговор за неодговорно однесување на полето на заштитата на климата,“  порачува главниот организатор на конференцијата, Иво де Бур.

 

Томас Раутенберг

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми