Европа | 30.11.2008
Во европскиот воз со „сина карта“
Берлинскиот институт за демографија претстави студија според која - без доселеници, Европа ќе се намали! Но, кој да се досели и како? Висококвалификувани на одредено време, гласи одговорoт од ЕУ. Што велат експертите?
Државите членки на ЕУ се согласија за помалку или повеќе единствена политика на доселување. На 20-ти ноември, во Брисел, беше усвоен Пактот за доселување и азил. Т.н. „Сина карта“, односно комбинацијата на дозвола за работа и престој, е дел од тој Пакт. Таа би требало да привлече високо-квалификувани доселеници од трети земји, слично како американската „Зелена карта“. За разлика од американската, европската карта е ограничена на максимум пет години. И, токму тоа е предмет на критика на експертите. Димитриа Клејтон, министер на германската покраина Северна Рајна Вестфалија за генерација, семејство, жени и интеграција, во тоа не гледа само недостатоци: „Самото ограничување не е суштинскиот проблем. Планирањето на животот често оди така што ќе се рече: одам на извесно време во странство, ќе поработам таму и ќе се вратам. Ако не сум подготвен да се вратам во татковината, имам можност да останам. Можноста за такво нешто, дури и со „Сината карта“, не е сосема исклучена.“
Платите ќе бидат проблем
Според Клејтон, поголема пречка за вискоквалификуваните доселеници би бил финансискиот аспект. Зашто, платата на сопствениците на Сината карта треба да биде најмалку 1,7 пати повисока од просечната плата во секоја од земјите. „На пример, средните и малите претпријатија кои имаат интерес за вакви стручњаци не можат да ги платат“, нагласува Клејтон.
Финансискиот аспект не е решавачки само во натпреварот на малите и средни претпријатија за тоа - кој ќе привлече повеќе стручњаци од странство. Во ЕУ се‘ уште има
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: „Умни глави“ сака секој, само за тоа се потребни пари голема разлика во примањата. Во новите членки на ЕУ има исто така потреба од стручњаци, а просечните плати таму се за неколкупати пониски отколку во старите членки на Унијата. Професорката по развојна политика и миграција на Универизетот во Касел, Беатрис Кнер вели дека во моментов најтешко им е на новите членки на ЕУ: „Ако се направи проценка на ситуацијата во земјите, мислам дека на Полска не и‘ е најтешко. Таа привлекува многу стручњаци, а во меѓувреме има и многу луѓе што се враќаат. Мислам дека прилично песимистички изгледа ситуацијата во Бугарија и Романија, зашто високите плати, во моментов, се единственото нешто со што тие би привлекле стручњаци.“
Треба да се внимава и на не-материјалните аспекти
При доселувањето, улога играат и не-материјалните поттици, вели министерката Клејтон. Симболичната привлечна сила на една држава не треба да се потценува. Притоа, во преден план се благосостојбата на мигрантите и нивната општествена прифатеност: „Може да се смета дека во земја за која се знае дека е доселеничка и земја која стои зад тоа дека е доселеничка, има релативно добри шанси да се биде добро прифатен. Германија по тоа не е позната и мислам дека на тоа треба да поработиме.“










