1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Европа  | 13.10.2008

Загина австрискиот политичар Јерг Хајдер

Гувернерот на Корушка и претседател на популистичкиот „Сојуз за иднината на Австрија“, Јерг Хајдер, почина од повредите здобиени во автомобилската несреќа рано утрото (11.10.2008) во Клагенфурт.

Веста за загинувањето на Хајдер ја објави агенцијата АПА, повикувајќи се на полициски извори, таа извести дека сообраќајката се случила утрово во Клагенфурт. Службеното возило на Хајдер, кое тој го управувал, од непознати причини излетало од улицата. Тој се здобил со тешки повреди на главата и градите, кои биле причина за смртта.Причините за несреќата не се познатиBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Причините за несреќата не се познати

58 годишниот Хајдер е долгогодишен гувернер на Корушка,а беше претседател на деснопопулистичката  „Слободарска партија“, која во 2000-та година влезе во владата со демохристијаните на Волфганг Шисел. Тоа предизвика големи критики во Европа, по што Хајдер мораше да се повлече. Во 2005 година формираше нова партија, „Сојуз за иднината на Австрија“, која на парламентарните избори во септември освои зголемен број гласови.

Хајдер важеше за популист, политички камелеон и десен радикал.

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми