1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Германија  | 09.10.2008

Новиот предлог за името-контрапродуктивен!

Европратеничката Ангелика Беер смета дека новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц не носи политички напредок во процесот на преговорите меѓу Скопје и Атина, туку само имплицира постоење на Северна и Јужна Македонија?!

"Од политички агол новиот предлог го сметам комплетно идиотски и контрапродуктивен. Зашто ако се каже: постои Северна Македонија, тогаш постои и Јужна Македонија. И со тоа попрво се имплицира дека некогаш ќе има некакви тежнеења Јужна и Северна Македонија да се обединат. Не можам да си претставам дека овој предлог ќе биде прифатлив за Грција“, истакна европратеничката од редовите на германската партија на Зелените, Ангелика Беер, на денешната прес-конференција во Берлин, на која таа ги пренесе своите впечатоци од минатонеделниот престој во неколку земји од Балканот.

Предлог кој не носи политички напредок

Според Беер , Грција  досега јасно покажала дека ќе го одбива секој предлог во кој е вклучен терминот Македонија.

„Во таа смисла, не гледам политички напредок во најновиот предлог ”, вели европратеничката Ангелика Беер, коментирајќи ги последните идеи за надминување на спорот околу името меѓу Македонија и Грција, презентирани од посредникот на ОН Метју Нимиц во Њу Јорк.

При минатонеделната обиколка на Балканот, Беер ја посети и Македонија каде разговараше со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и со претставници на политичките партии. Жешката тема за која се разговараше беше спорот околу името со Грција. Референдумот за името што го планира Владата, според Беер е задоцнет,бидејќи за негова подготовка се потребни три месеца, а извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ е речиси на маса.

Условите за постигнување компромис во моментов се тешки

Пред врата е и декемврискиот самит на НАТО. По неуспехот на Самитот во Букурешт во април годинава, ќе го мине ли сега Македонија поправниот испит и ќе  добие ли официјална покана за членство во Алијансата?

“Има мноштво внатрешни критички проценки од страна на НАТО, иако се вложуваат големи напори да се влијае врз Грција. Таму,пак, наредната година се избори и владата сега само со еден глас го оддржува мнозинството. Ќе падне, доколку прифати некаков компромис околу името со кој Македонија би станала членка на Алијансата. И затоа сметам дека предусловите да се најде компромис сега се тешки,оцени Ангелика Беер, која ја пофали подготвеноста предлогот околу името да се најде и пред пратениците на македонското Собрание, што значи за оваа тема отворено ќе се дискутира.

 

Силвера Падори

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми