1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Наука  | 09.10.2008

Лек против Алцхајмер за пет до осум години

Повеќе од 20 години научниците од целиот свет се обидуваат да пронајдат лек против Алцхајмеровата болест. Се чини дека тоа конечно им успеа на германски научници од Хале.

Со помош на нов, експериментален активен агенс, германски научници успејаа да го сопрат развојот на Алцхајмеровата болест кај лабораториски глувци. Во 80% од случаите, средството го спречило таложењето на белковини во мозокот, што се смета за главен причинител на болеста. Меѓутоа, дали средството ќе може да се користи и за луѓе, останува да се докаже во наредниве неколку години.

Во Германија од Алцхајмеровата деменција страдаат околу 600.000 претежно постари лица. Може ли да се каже дека станува збор за вистински пробив или само чекор напред во пронаоѓањето лек против оваа неизлечива болест? Научниците се со поделени мислења.

Внимателно со сензационалноста

Клинички запис од првиот регистриран пациент со симптоми на АлцхајмерBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Клинички запис од првиот регистриран пациент со симптоми на АлцхајмерСензација, пробив - овие поими им се релативно непознати на сериозните научници. Професорот Гинтер Ројтер, од институтот за генетика на универзитетот во Хале, е внимателен : „Сигурно постојат уште многу прашања што треба да се одговорат. Затоа секој научник е внимателен и не сака да користи такви сензационални формулации. Едноставно и поради тоа што научната традиција наложува така“ - вели Ројтер.

Но, и покрај се` уште отвореното прашање, дали луѓето можат да го поднесат лекот, Професорот Ројтер е воодушевен од досегашните резулатати.

Кај 80 проценти од лабораториските глувци што го примале лекот се забележани помалку штетни наслаги во мозокот, отколку кај оние што не го примале лекот.

Се отвораат нови начини и патишта

Д-р. Дирк Монтаг од институтот за неврологија Лајпниц во Магдебург, во овој случај е оптимист - иако за себе вели дека е еден од оние скептичните научници. Тој директно учествувал во истражувањето и го испитувал однесувањето на глувците со кои бил направен тестот. „Може да се каже дека станува збор за вистински пробив. Повеќе од 20 години се обидуваме да пронајдеме лек против Алцхајмер, меѓутоа до сега се’ беше безуспешно. Сегашниве испитувања се нов пат и начин како побрзо да најдеме лек за оваа неизлечива болест. Феноменално е тоа што со релативно лош модел на животно, во овој случај тоа е глушец, се покажува дека има подобрувања во памтењето“ -вели д-р.Монтаг.

Работата не е докрај завршена

Болеста се манифестира со губење на помнењето, пред се` кај постарите лицаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Болеста се манифестира со губење на помнењето, пред се` кај постарите лицаД-р. Стефен Роснер, од институтот за истражување на мозокот Паул Флексиг во Лајпциг, знае дека од овие истражувања до правењето лек за луѓе претстои уште долг пат. Затоа тој сосема внимателно вели: „Да, навистина би можело да се работи за пробив во истражувањата на оваа болест.“ Но, во секој случај, пробивот е само во теорестките истражувања на болеста. „Напредуваме само во научната работа, но се отвораат сосема нови терапевтски потенцијали“ -  смета д-р. Роснер.

И професорот Ханс Улрих Демут, кој заедно со своите колеги го разви новиот лек, го смета откритието за голем чекор напред во истражувањето на алцхајмеровата болест, но смета дека работата се уште не е докрај завршена: „Ланецот со докази ќе може да се затвори дури кога пронајдениот лек ќе биде безбеден и неотровен за луѓето. Најпрвин треба да се пушти во клиничко испитување, каде треба да покаже позитивно дејство“ - ја објаснува професорот Демут понатамошната постапка.

Професорот Демут и д-р. Роснер сметаат дека е реално да се очекува овој ланец од докази наскоро да биде затворен. Тие се убедени дека за пет до осум години, врз основа на нови сознанија, ќе биде пронајден делотворен лек против алцхајмеровата болест.

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми