1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Свет  | 09.10.2008

Заедничка акција за излез од финаниската криза

Берзата во Франкфурт воздржано реагира на координираната акција на најважните Централни банки во светот. Тие ги намалија основните банкарски камати за да помогнат во надминувањето на финаниската криза.

Европската централна банка ја намали каматата во евро зоната за 0,5 проценти, на 3,75, Американската за исто толку на 1,5 насто, како и британската, на 4,5 проценти. Во редуцирањето на основната банкарска камата учествуваат и националните банки на Шведска, Канада и Швајцарија, како и кинеската. Јапонската банка не ги намали каматите, но ја поддржува акцијата, беше соопштено вчера (08.10.2008).

Недоверба на берзата

На оваа вест берзите здивнаа најпрво со олеснување. На Франкфуртската берза за неколку секунди индексот ДАКС нотираше речиси 300 поени над дневниот пад, но реакцијата на берзанските работници е воздржана.

Тие мерката ја оценуваат за правилна, но симболична, се сомневаат дали ќе помогне во внесување доверба во финансискиот сектор.

Со часови вчера индексот ДАКС паѓаше и се качуваше, нема јасен тренд.

Крајно, довербната на целиот глобус е разнишана поради финаниската криза. Берзанскиот маклер Тобиас Белге е скептичен. Тој предвидува дека сепак ќе дојде до намалување на штедењето на граѓаните во банките.

Како да се испумпа кредитниот балон

На Франкфуртската берза ситуацијата останува напната. Брокерите велат дека тоа е екстремна ситуација, која на оваа берза досега не ја доживеале, немаат искуство со неа. Суштината на проблемот е што луѓето во Америка и во Европа во голем дел живееја на кредит. Овој кредитен балон стана премногу голем, а како може сега да се испумпа, останува отворено прашање, велат берзанските работници.Довербата во финансискиот сектор не е вратенаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Довербата во финансискиот сектор не е вратена

Ренимираниот берзански експерт Волфганг Герке сепак има надеж.

Тој доживеал многу берзански падови, но според него овој е особено голем, најголем по Втората светска војна. Сепак, тој вели наскоро ќе излеземе од него. Следната година светот ќе изгледа поинаку.

Координираната акција на различните централни банки и намалувањето на водечката камата е важен чекор во борбата против финансиската криза, иако само еден на долгиот пат кон нормализирање.

 




 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми